Електричниот Citroën Ami One може да се вози и без возачка дозвола

Citroën го најави концептот Ami One, кој носи потполно нова дефиниција за мобилност и транспорт во урбани средини. Покрај тоа што се работи за електричен модел, негова предност е што може да го возат и луѓе кои немаат возачка дозвола.

Светската премиера на овој компактен автомобил е закажана за Саемот на автомобили во Женева.

Како мал електричен автомобил за две лица, Ami One Concept е дизајниран за урбана мобилност и може да го вози секој со наполнети 16 години, без разлика на тоа дали има положено за возачка дозвола или не. Концептниот модел има максимална брзина од 45 км/ч и домет од 100 километри.

Од компанијата велат дека Ami One е дизајниран како алтернативна опција во однос на јавниот превоз како што е автобусот, трамвајот и метрото, па и другите превозни средства на тркала, како велосипеди и скутери. Со вкупна тежина од 425 килограми, овој концепт спаѓа во сегментот на лесни превозни средства, а со должина од 2,5 и ширина од 1,5 метри, тој е екстремно компактен.

Возачите ќе му пристапуваат на овој автомобил преку нивните смартфони. Вратите се отклучуваат и заклучуваат со помош на QR код на алуминиумската база на кваката на вратата. Кога ќе влезат внатре, возачите го поврзуваат телефонот со автомобилот и тогаш може да почне комуникацијата помеѓу Ami One и возачот.

Францускиот производител Citroën не можеше да го одбележи 100-от роденден на подобар начин. Со објавата дека концептот Ami One ќе се појави на Саемот во Женева, компанијата ги израдува големиот број фанови низ светот.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Концепти

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more

Тркала што се вртат за 90 степени: Дали новата технологија ќе ви користи?

Read more
 

Автомобили

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе

Стокец од 10.000 евра!

Читај повеќе
  • filter

Погледнете го единствениот Lanzante McLaren Senna GTR LM 25 во светот

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Мал, но моќен: Поздравете го потполно електричниот мал SUV Volvo EX30

Читај повеќе
  • filter

Porsche Panamera, Audi Q8 и Volkswagen ID.7 се победници!

Читај повеќе
  • play_arrow

Бензин, дизел или хибрид: Кое е најбрзото BMW од Серија 3?

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии од новиот Alfa Romeo: SUV Milano од секој агол

Читај повеќе