Авто новости

Електричниот камион на Tesla достапен и во Европа

7. јануари 2018 - 10:25 | М.Д.

Електричниот камион на Tesla сега е достапен и на поединечни европски пазари, а веќе се порачани и првите примероци.

Tela, се чини добро започна и во поприлично конзервативниот сектор за комерцијален превоз, каде дизел возилата доминираат веќе со децении.

Откако во Америка примиле неколку стотици резервации, Tesla пристигна и во Европа, односно понуди можност за преднарачка на електричен Semi.

Tesla моментално го нуди во Норвешка, Холандија и Велика Британија, а веќе сега 10 камиони порача норвешкиот Asko, сервис за дистрибуција на храна, пренесуваат норвешките медиуми.

„Последните две години користиме електричен камион произведен во Холандија, а мислиме дека технологијата на Tesla е многу понапредна. Поради тоа порачавме 10 камиони“, вели шефот на Asko.

Сепак не е се така едноставно.

Потребно е да се почека моделот да се прилагоди за европски стандарди, а тоа би можело да потрае.

Во Asko се надеваат дека камионите на Tesla во нивниот возен парк би можеле да стигнат веќе следната година.

Коментирај