Електричниот камион Tesla Semi ќе стигне до своите први клиенти на крајот на годинава

Основачот и извршен директор на Tesla Motors, Илон Маск, потврди дека испораките на електричниот камион Tesla Semi ќе започнат на крајот на оваа година.

Semi беше претставен уште во 2017 година кога беше ветено дека компаниите ќе го добијат во 2019 година, потоа ветувањето беше преместено за 2020 година, а потоа во 2021 година. Сепак, сѐ уште нема камиони, а Маск сега тврди дека првите испораки до клиентите се очекуваат до крајот на годинава.

Дополнително, Маск рече дека испораките на електричниот пикап CyberTruck може да се очекуваат во 2023 година.

Кога станува збор за камионот Semi, Маск мисли на модел со автономија од 800 километри.

Прототипите на електричниот камион се видени на улиците, па дури и испорачани суперполначи на Laguna Seca Raceway. Мрежата Tesla Megacharger започна со четири единици во Gigafactory во Невада каде што се произведуваат прототипи Semi камиони. Мегаполначи се инсталирани и во објектот Frito Lay во Модесто, Калифорнија.

Сè уште има многу непознати за камионот Tesla Semi. Компанијата првично соопшти дека верзијата со автономија од 800 километри ќе чини 180.000 долари, а верзијата Founders Edition до 200.000 долари. Се вели дека камионот може да забрза од 0 до 100 километри за 20 секунди кога влече товар тежок повеќе од 36 тони благодарение на четирите одделни мотори на задните оски.

Сè уште не е познато која батерија ќе ја користи камионот бидејќи неговиот дизајн беше замислен во деновите на постарата батерија од 2170 наспроти денешниот стандард 4680.

реклама

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Авто новости

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

YangWang U8: Кинески теренец со 1200 КС кој ќе издржи и поплава

Read more

Кои се најпопуларните брендови на автомобили во Европа?

Read more

Mini eMastered е сè што барате од мал градски електричен автомобил

Read more
 

Автомобили

  • filter

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

YangWang U8: Кинески теренец со 1200 КС кој ќе издржи и поплава

Читај повеќе

Кои се најпопуларните брендови на автомобили во Европа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Mini eMastered е сè што барате од мал градски електричен автомобил

Читај повеќе

Зошто отворот на резервоарот за гориво не е на исто место кај сите возила?

Читај повеќе
  • filter

Како изгледа новиот центар за безбедност на Audi вреден 100 милиони евра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот самовозечки автобус почна да вози во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа колекција од 13 автомобили вредни 50 милиони долари?

Читај повеќе

Што мислат возачите за автономните возила?

Читај повеќе