Авто новости

Електричниот Motiv е создаден за сообраќај во градски метежи

14. февруари 2020 - 18:07 | Б.С.Б.

Во Лондон е претставен микроавтомобилот Motiv, наменет за возење во градови во кои често има сообраќаен метеж.

Гордон Мареј, дизајнерот на McLaren во Формула 1 и на многу тркачки автомобили, моментално работи на значително поинаков модел. Станува збор за микроавтомобил со едно седиште, наречен Motiv. Автомобилот има автоматски управувачки систем, пишува Motor Trend.

Motiv е мал и лесен, долг е 2,5 метри и широк метар и 30 сантиметри. Направен е за возење во големи градови каде често има гужви.

Ова возило е доволно флексибилно за да стане автомобил за испорака на нарачки и достави. Во него може да се возат повеќе луѓе, иако е направен за еден патник.

Се полни со акумулатор од 17,3 kWh и од електричен мотор од 20 kW, што е доволно за патување од 100 километри без полнење. Може да достигне брзина од 65 километри на час.

Муреј на овој дизајн работи заедно со Delta Motorsport. Еден дел од проектот е финансиран од владата на Велика Британија.

Коментирај