Електричното BMW iX3 пристигнува на саемот во Пекинг

Покрај спортскиот M2 Competition, BMW во главниот град на Кина ќе го претстави и електричниот SUV концепт на моделот X3.

Баварскиот произведувач ја најави премиерата на ова возило со краток тизер, кој открива дека iX3 Concept ќе има нешто поинаква предна маска, во однос на онаа на која сме навикнати да ја гледаме на BMW автомобилите.

Класичната маска е заменета со нова, со што BMW сака да нагласи дека станува збор за возило со потполно поинаков вид на погон.

Кога станува збор за каросеријата, iX3 е базиран на стандардното BMW X3, со одредени стилски и функционални детали, по кои визуелно ќе се разликува од конвенционалниот погонски систем.

Техничките детали и спецификациите на електричниот погон за сега не се познати, па за повеќе информации ќе мораме да почекаме до 25 април, односно до почетокот на саемот на автомобили во Пекинг.

BMW најави дека продукцискиот iX3 во продажните салони ќе се најде во 2020 година.

реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе