Електронски достапни 127 услуги од институциите

Скопје, 16 декември 2019 (МИА) – Секогаш први на ред. Нема повеќе – кој ќе чека пак, е мотото на Националниот портал за електронски услуги, што е во функциија од денеска, преку кој Владата ветува побрзи и поефикасни услуги за граѓаните од администрацијата. Преку новата алатка само со една најава, корисничко име и лозинка, засега може да се добијат 127 електронски услуги од 28 институции, но и да се плаќаат административни такси.

Само преку овој портал ќе биде достапна и услугата за добивање на еден од 10-те илјади инвертори кои ги доделува Владата со цел да се намали загадувањето на воздухот. Електронски ќе може да се добијат голем број потврди од  Министерството за труд и социјална политика, да се објават неважечки документи од „Службен весник“, да се издаваат потврди и М1, М2 образец од Агенцијата за вработување, да се земе односно извади М4 образецот од ПИОМ, да се проверат лични податоци од Централниот регистар на население добиени од вкрстување на податоците од Управата за водење на матичните книги, Министерството за внатрешни работи и Централниот регистар.

– Целта на системот за единствена најава е дека преку еден портал граѓаните и фирмите користејќи едни и исти корисничко име и лозинка и дигитален сертификат да имаат пристап до сите услуги од сите институции – многу просто и многу едноставно. Нема повеќе „кој ќе чека“, нема повеќе „редот од позади“, нема повеќе „ви фали барање“, нема повеќе губење време и нема повеќе „само да прашам“. Овој број секојдневно ќе се зголемува. Се работи и на други услуги од Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи, Министерството за труд и социјална политика, Управата за водење на матични книги. До крајот на годината ќе имаме уште 20-ина нови услуги достапни на порталот, информира на прес-конференција министерот за информатичко општетество и администрација Дамјан Манчевски.

Премиерот Зоран Заев потенцираше дека Националниот портал за е-услуги е уште еден чекор во реформите во јавната администрација.

– Ја подигаме транспарентноста на нашата работа и во давањето на услугите. Голем дел од нив веќе не зависат од шалтерскиот службеник и ова е уште еден придонес во борбата против корупцијата. Елиминираме сериозна точка каде што регистриравме појава на мито и корупција во многу наврати во минатите години, па и децении. Градењето сервисен систем на јавни услуги на една ефикасна и пријателска јавна администрација која во центарот на своето внимание секогаш го има граѓанинот е една од најважните мотивации за оваа Влада, наведе Заев.

Како што истакна Манчевски, за пуштање на порталот се исполниле комплексни предуслови и се поврзани веќе развиените системи: интероперабилност на институциите, Централниот регистар на население, Каталогот на услуги, Системот за електронска достава на услуги, Системот за единствена најава на корисниците, Модулот за плаќање на надоместоци и такси. Основа за работата на Националниот портал за електронски услуги се изготвениот Каталогот на услуги, каде се внесени 690 од вкупно 1.300 услуги кои институциите ги нудат на граѓаните и на фирмите, како и неодамна пуштениот Централен регистар на население каде се нудат унифицирани податоци за сите граѓани.

- Порталот се состои од јавен и од приватен дел. Тоа што е важно за граѓаните е дека јавниот дел е достапен за сите без потреба од каква било најава или идентификација. Тука можат да се најдат податоци за услугите коишто ги добиваат од надлежните органи. Приватниот дел е достапен само за регистрирани и идентификувани корисници на Системот за единствена најава. По најавата граѓаните ќе имаат можност да поднесуваат барања во електронска форма за добивање на е-услуга, да плаќаат за надомест и административни услуги, да добиваат одговор на барањето и најважно да ги добиваат по електронски пат услугите, појасни Манчевски.

За регистрација на порталот и пристап до сите можности што ги нуди е потребна електронска идентификација, односно ИДИ профил, што го поврзува идентитетот на граѓанинот при процесот на регистрацијата. На тој начин секој граѓанин само еден и единствен пат ќе треба да ги провери и потврди своите податоци кои се потврдуваат во Централниот регистар на население. Сите граѓани моментно имаат активна корисничка сметка во УЈП и веќе имаат активен ИДИ профил односно можат да се најават на профилот користејќи го корисничкото име и лозинката од УЈП. За нив услугите од порталот се веќе достапни. Дополнително профилот може да се добие и со поседување дигитален сертификат што во моментов кај нас ги издаваат КИПС и Телеком, а наскоро и на шалтерите на општините, едуцирани за оваа намена, во канцелариите за една точка за услуги, а од почетокот на следната година и во салоните на Македонски телеком. При создавање на ИДИ профилот во регистарот на население се креира и единствениот електронски број на граѓанинот.

Министерството за информатичко општество и администрација ги спроведе активностите со финансиска поддршка од Европската унија, како и Британската амбасада во Скопје.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе