Еликсир за црниот дроб – чини само 57 денари дневно

Во изминатите десет години, благодарение на многу истражувања, цвеклото го достигна статусот на суперхрана, а неговата најздрава форма е сокот од цвекло – нешто што ќе го најдете во секој план за исхрана.

Докажано е дека сокот од цвекло има висока хранлива вредност, ја поддржува функцијата на црниот дроб и е добар за слабеење.

Овој сок има малку калории и речиси и да нема маснотии, па нутриционистите го сметаат за одлична опција за утринско смути. Тоа ќе ви даде хранливи материи и енергија за да го започнете денот.

Истражувачите откриле дека луѓето кои пијат 250 милилитри сок од цвекло дневно го намалуваат систолниот и дијастолниот крвен притисок. Се смета дека причината се нитратите, соединенија во сокот од цвекло кои се претвораат во азотен оксид во крвта и помагаат во проширување и опуштање на крвните садови.

Вистина е - многу луѓе не сакаат цвекло или имаат аверзија кон вкусот на цвекло. Но, тоа не значи дека овој сок не може да стане еден од вашите омилени пијалоци.

Сокот од цвекло е вистински еликсир за црниот дроб и побага за подобрување на неговата функција. Богат е со антиоксиданси и помага за чистење на крвта. Исто така промовира здрава функција на црниот дроб помагајќи да се разградат токсините.

Ако не ви се допаѓа вкусот на чисто цвекло, пробајте го овој сок чии состојки ќе го прикријат типичниот земјен вкус на цвеклото.

Рецепт

1 средно цвекло

1 морков

1 лажичка свеж ѓумбир

½  портокал

½ зелено јаболко

Ставете ги сите состојки во блендер и испијте го сокот во текот на првата половина од денот.

Сите состојки се постојано достапни на нашите пазари за свежа храна, а според средните цени по килограм и земајќи ги предвид потребните количини, овој еликсир ќе ве чини само 57 денари дневно.

реклама

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Read more

Здравје

Што треба да јадете ако се разбудите исцрпени и уморни?

Read more

Прекумерната консумација на помфрит го зголемува ризикот од дијабетес

Read more

Кардиолозите советуваат што да почнат да прават жените над 50 години секое утро

Read more

Што се случува во телото ако секој ден јадеме по една лажица мед?

Read more
 

Магазин

Колку сол всушност треба да ставите во водата кога варите тестенини?

Читај повеќе

Едноставен пијалaк со кој треба да го започнеме утрото

Читај повеќе

Што треба да јадете ако се разбудите исцрпени и уморни?

Читај повеќе
  • play_arrow

Омилен десерт за сите деца: Направете мачкини очи како од слаткарница

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да ги заштите растенијата на балкон или двор од зимскиот студ?

Читај повеќе

Прекумерната консумација на помфрит го зголемува ризикот од дијабетес

Читај повеќе
  • play_arrow

Швајцарското сирење прогласено за најдобро во светот: Гријер ја победи конкуренцијата

Читај повеќе

Дали маратонски секс e гаранција за оргазам?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Истанбул е најпосакуваниот град во Европа годинава

Читај повеќе