Елитните руски специјалци трпат тешки порази, вели британското разузнавање

Британското Министерство за одбрана утринава објави нов извештај на военото разузнавање, во кој се опишуваат неуспесите на елитните десантни единици на Русија.

Елитните воздушнодесантни единици на Русија, попознати како VDV, претрпеа големи загуби од почетокот на војната, се вели во извештајот.

Единицата, која содржи околу 45.000 војници, била вклучена во неколку „значајни тактички неуспеси“, пишува британското разузнавање.

„Тука се вбројува обидот за напад врз Киев преку аеродромот Хостомел во март, застојот на напредокот под Изум од почетокот на април и неодамна неуспешниот и скап обид да се премине реката Доњецк кај Сиверски“, се вели во извештајот.

„Претрпеа големи загуби“

„VDV беа испратени во мисии за кои би било подобро да се користи потешка оклопна пешадија и претрпеа големи загуби за време на војната“, се вели во извештајот.

„Неуспешните мисии на таа единица веројатно ќе ги овековечат стратешките грешки во користењето на тој ресурс и неуспехот на руските сили да обезбедат надмоќ во воздухот“, се вели во извештајот.

„Погрешната примена на VDV ја одразува лошо избалансираната ситуација во руската војска, и покрај 15-годишните големи инвестиции“, заклучуваат британските разузнавачи.

URL
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Свет

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Read more

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Read more

Руската армија почна со повлекување од Нагорно-Карабах

Read more

Шведска денеска гласа за намалување на старосната граница за промена на полот

Read more
 

Вести

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Читај повеќе

Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот законик за сите да имаат еднакви шанси на изборите

Читај повеќе

Руската армија почна со повлекување од Нагорно-Карабах

Читај повеќе

Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите, 18 април

Читај повеќе

Јакимовски не го потпиша кодексот за фер и демократски избори: Големите партии веќе го прекршија Изборниот законик

Читај повеќе

Грејната сезона продолжува поради временските услови

Читај повеќе

Кривична против Курто Дудуш: За директори на градинка именувал лица кои не биле вработени во градинката

Читај повеќе