Актерката и модел Елизабет Харли позираше топлес во снегот, а фотографијата што ја објави на Instagram ја направи нејзиниот 18-годишен син.
55-годишната Британка на себе стави само јакна и облече гаќички од нејзината нова линија костими за капење.
„Како можев да одолеам?“, напиша под фотографијата што ја сподели со повеќе од 1,8 милиони следбеници на Instagram.
Таа исто така откри дека ја фотографирал нејзиниот син Демијан, кој оди по нејзините стапки и работи како модел.
Харли доби бројни комплименти за фотографијата, но големото внимание што го привлече, не помина без негативни реакции – повторно доби критики за бизарниот однос и чудната блискост што ги има со синот.