Елизабета Втора го прекрши кралскиот протокол само на погребот на принцезата Дијана

Најдолговечната британска кралица Елизабета Втора почина минатиот четврток на 96-годишна возраст, а илјадници луѓе уште се збогуваат со кралицата на различни начини и истакнуваат детали од нејзиниот живот кои ќе ја паметат.

Еден од деталите од долгото владеење на кралицата се однесува на кралскиот протокол, за кој е познато дека се придржуваат сите членови на кралското семејство во секое време, особено кога се во јавност.

Сепак, британските медиуми наведуваат дека Елизабета Втора за првпат решила да го стави тој протокол настрана на денот на погребот на принцезата Дијана.

Принцезата Дијана почина во 1997 година, а на денот на нејзиниот погреб, кралицата излезе пред Бакингемската палата за да се придружи на толпата луѓе кои го придружуваа ковчегот на Дијана на пат кон Вестминстерската опатија.

Додека ковчегот поминуваше покрај неа, и покрај тоа што е спротивно на сите правила, кралицата ја наведна главата за прв и единствен пат во животот. Оваа сцена може да ја видите на 3:33 на оваа снимка од денот на погребот на принцезата:

Remote video URL

Алберто Анџела, кој беше водител на документарната серија „Ulisse“, рече дека смртта на Дијана бил „еден од најдлабоките моменти“ за Кралицата.

„Ние сме пред портите на Бакингемската палата, се знае дека пред кралицата, која е симбол на националното единство, сите ќе се поклонат. Но тој ден Елизабета ја наведна главата во знак на почит кога помина ковчегот на Дијана, жената која повеќе од кој било друг им пркосеше на конвенциите на палатата“, објасни тој.

Анџела рече дека да се види Кралицата со наведната глава била една од „најмоќните глетки“ на ерата.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе