Елмас одигра одлични 57 минути во поразот од Барса

Ноќеска Елиф Елмас беше стартер за Наполи против силната Барселона која го совлада неговиот тим со 2:1 на неутрален терен во Мајами.

Македонскиот бисер ја доби довербата на Карло Анчелоти и го започна натпреварот од првата минута, а остана на теренот сѐ до 57-мата кога на негово место во игра влезе Џанлука Гаетано, 19-годишен играч од младинскиот погон на „партенопеите“.

Додека беше на теренот Елмас одигра одлично против силниот противник, беше доста активен и истрча многу. Позитивни критики доби од навивачите на Наполи на социјалните мрежи кои се оптимисти дека нивниот клуб направил одлична трансфер инвестиција.

Секунди пред да биде заменет Елмас беше остро фаулиран од Серхио Бускец, остана да лежи на тревникот по што по интервенција на медицинскиот тим кривејќи ја напушти играта.

Додека 19-годишниот Елмас беше во игра резултатот беше 1:1. Поведе Барса со голот на Бускец во 38-мата минута, а со автогол израмни Самуел Умтити три минути пред полувремето. Победничкиот гол падна во 79-минута благодарение на Иван Ракитиќ.

Во сабота двете екипи ќе одиграат реванш, но овој пат во Детроит.

реклама

Водич за гласање: Не може да гласа лице што не носи маска или одбива да ја извади за идентификација

Read more

Што се случува кога по втор пат ќе се заразиме со коронавирусот?

Read more

Кој е пасивен, а кој не може без секс: Хороскопските знаци во кревет

Read more

Spotify отсега достапен и во Република Северна Македонија

Read more

Фудбал

Хет-трик на Пашалиќ, Аталанта броеше до 6 против Бреша

Read more

Мурињо: Скандалозна одлука за укинување на суспензијата на Сити

Read more

Пирло седнува на клупата на вториот тим на Јуве

Read more

Пиоли го брани Ибра: Тој е победник, нормално е да реагира така

Read more

Спорт

Биното пред отказ во Ферари

Читај повеќе
  • play_arrow

Хет-трик на Пашалиќ, Аталанта броеше до 6 против Бреша

Читај повеќе

Мурињо: Скандалозна одлука за укинување на суспензијата на Сити

Читај повеќе

Пирло седнува на клупата на вториот тим на Јуве

Читај повеќе

Пиоли го брани Ибра: Тој е победник, нормално е да реагира така

Читај повеќе

Со титула или без, Кике Сетјен останува во Барса

Читај повеќе

На Столе не му беше денот, прими гол од 35 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Солскјер за голот во 90+6: И ние сме победувале така, таков е фудбалот

Читај повеќе
  • filter

На Гарет Бејл навистина му е досадно во Реал

Читај повеќе