Елмас одигра одлични 57 минути во поразот од Барса

Ноќеска Елиф Елмас беше стартер за Наполи против силната Барселона која го совлада неговиот тим со 2:1 на неутрален терен во Мајами.

Македонскиот бисер ја доби довербата на Карло Анчелоти и го започна натпреварот од првата минута, а остана на теренот сѐ до 57-мата кога на негово место во игра влезе Џанлука Гаетано, 19-годишен играч од младинскиот погон на „партенопеите“.

Додека беше на теренот Елмас одигра одлично против силниот противник, беше доста активен и истрча многу. Позитивни критики доби од навивачите на Наполи на социјалните мрежи кои се оптимисти дека нивниот клуб направил одлична трансфер инвестиција.

Секунди пред да биде заменет Елмас беше остро фаулиран од Серхио Бускец, остана да лежи на тревникот по што по интервенција на медицинскиот тим кривејќи ја напушти играта.

Додека 19-годишниот Елмас беше во игра резултатот беше 1:1. Поведе Барса со голот на Бускец во 38-мата минута, а со автогол израмни Самуел Умтити три минути пред полувремето. Победничкиот гол падна во 79-минута благодарение на Иван Ракитиќ.

Во сабота двете екипи ќе одиграат реванш, но овој пат во Детроит.

реклама

Пет розови фламинга во посета на Преспанското Езеро

Read more

Кога кај нас вака: Велосипедска патека долж брегот во Турција, #НаТочак апелира за вакви промени и во Македонија

Read more

Приведен малолетникот кој потпалуваше шума на Tik-Tok

Read more

Костовски: Правдата за стечајот на „Еуростандард банка“ ќе ја барам надвор од земјата

Read more

Фудбал

Петковски: Одиме по бодови против Беласица, ама без потценување

Read more

Прв пат по 1946 година Барса прими 8 голови

Read more

Седум фудбалски менаџери кои воделе клуб и репрезентација истовремено

Read more

Разумни трансфери: Барселона

Read more

Спорт

  • play_arrow

Поставен нов светски рекорд на 5.000 метри во Монако

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Познати сите учесници во НБА плеј-офот

Читај повеќе

Петковски: Одиме по бодови против Беласица, ама без потценување

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв пат по 1946 година Барса прими 8 голови

Читај повеќе
  • play_arrow

Седум фудбалски менаџери кои воделе клуб и репрезентација истовремено

Читај повеќе
  • play_arrow

Разумни трансфери: Барселона

Читај повеќе

Вака изгледа распоредот за НБА плејофот

Читај повеќе

Симеоне: Заслужено бевме елиминирани

Читај повеќе

Чеферин: Во иднина нема да се повтори Ф8 форматот

Читај повеќе