СЕРИЈА А 2019/20

Елмас славеше на гости кај Пандев

Дуелот на Џеноа и Наполи им припадна на гостите, а нашиот Елмас имаше и поништен гол.

Екипите на Горан Пандев и Елиф Елмас синоќа ги вкрстија копјата во натпревар од 31. коло во најдобрата италијанска лига.

И двајцата наши фудбалери беа во своитре екипи, но само Елмас беше во стартните 11, додека Пандев влезе во второто полувреме.

Уште во 7. минута Елмас ја затресе мрежата на домашната Џеноа, но по интервенција на ВАР главниот судија Маурицио Маријани му го поништи голот поради играње со рака. Не поради вина на нашиот фудбалер, туку претходно во текот на акцијата Гркот Костас Манолас играше со рака.

Подоцна Елмас имаше одличен обид со полуножички, но Матија Перин возврати со успешна интервенција.

Во судиското надополнување од првиот дел Дрис Мертенс сепак донесе водство за Наполи. Џеноа израмни само 4 минути по паузата преку Едоардо Голданига, а Ирвинг Лосано во 66-тата го врати водството на гостите.

Тогаш, во 71. минута на теренот влезе и Горан Пандев. Пандев и Елмас играа еден против друг 11 минути бидејќи во 82. минута Елмас беше повлечен од игра од страна на тренерот Џенаро Гатузо. Резултатот остана непроменет.

Remote video URL

Џеноа со овој пораз падна во опасната зона за испаѓање каде има 27 бодови, еден помалку од Лече кој е во безбедниот дел. Наполи со 51 бод го дели 5. место со Рома, токму она кое води во групите од Лига Европа.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе