КОПА ИТАЛИЈА 2019/20

Елмас собира пофалби за настапот против Интер

Елмас беше 90 минути дел од победата на Паоли на гости кај Интер, одлично ги заврши задачите дадени од Гатузо и собра пофалби од цела Италија.

Нашиот Елиф Елмас синоќа беше еден од клучните играчи во победата на Наполи кај Интер во Копа Италија. Не учествуваше во акцијата при постигнувањето на победничкиот гол, но со одличната игра на левата крилна позиција помогна покривајќи огромен простор во кој Наполи добиваше предност. Беше доста внимателен и во дефранзивните задачи и секогаш на штрек чекајќи контра. Дури со влегувањето на Данило Д'Амброзио македонскиот репрезентативец беше ставен во подредена улога од домаќинот.

Џенаро Гатузо вели дека Елмас може да се снајде како крилен напаѓач, иако треба да поработи на некои ситници. Синоќа со него лево и со Каљехон десно, Интер се мачеше да ги запре продорите на гостите. Според il Napolista, токму улогата на Елмас била клучна.

„Дури и во активната фаза Наполи не се откажа од формацијата 4-5-1 (или 4-1-4-1). Во овој случај изборот на Елмас беше клучен: Македонецот тогаш се поставуваше како страничен везист, а не како крилен напаѓач. Практично, тој држеше порезервирана позиција без многу да се ориентира кон десно, а тоа отвораше простор во текот на целиот натпревар“, стои во објаснувањето на веб-страницата il Napolista.

Гатузо открива дека и против Јувентрус лесно можело да се случи Елмас да стартува на истата позиција.

„Инсиње имаше проблеми на загревањето пред Јувентус, па затоа почна да се загрева и Елмас. Му реков да се загрева бидејќи може да игра на таа позиција. Може да подобри некои работи, но генерално е добар“.

Синоќа Елмас доби шанса на местото на Роберто Инсиње и одлично ја искористи. На почетокот за момент сите стравуваа дека ќе мора да го напупшти натпреварот по еден несмасен старт на Милан Шкринијар, но за среќа се работеше само за моментална болка.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе