ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2025

Елмас замина за Торино, се враќа во Серија А

Филип Здравески
/ 29.01.2025 / 14:58

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас денеска слета на миланскиот аеродром „Малпенса“ од каде се упати кон Торино, каде се очекува во текот на денот да го официјализира преминот во популарните „Граната“.

На аеродромот „Малпенса“ веднаш доби шал Торино и беше снимен како го напушта терминалот.

За попладнево се закажани медицинските прегледи во спортскиот комплекс во склоп на стадионот „Олимпико Гранде Торино“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @gianlucadimarzio.com

Елмас не се наигра во Лајпциг каде дојде од Наполи, иронично, во потрага по поголема минутажа. За една година настапи на само 22 натпревара, не постигна гол и само еднаш асистираше. Конечно се реши да замине од Бундеслигата и се враќа во проверена средина, во Калчото, каде ги мина најубавите моменти од кариерата.

Во Наполи мина 4 и пол сезони играјќи на 189 натпревари во сите натпреварувања кои ги зачини со 19 голови и 11 асистенции. Освои и едно Скудето и една Копа Италија.

Во Торино 25-годишниот македонски бисер доаѓа на позајмица до крајот на сезоната, а италијанските медиуми пренесуваат дека „Граната“ на лето ќе има право да го откупи за 18 милиони евра. Тој ќе стане првиот македонски фудбалер што заиграл за овој великан.

Неговиот нов клуб по 22 кола во Серија А е на 10. место со 26 бодови и се надева дека ќе успеа да дојде до местата кои водат во Европа.

Инаку, Торино е заспан џин со 7 освоени Скудета, но последното во 1976 година.

реклама

Четворица исклучени во жестока тепачка во НБА, и полицијата влета на терен

Read more

Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Read more

3 хороскопски знаци на кои им се палат сите зелени светла во февруари

Read more

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 февруари

Read more

Фудбал

Шкендија ја совлада Струга во дербито, Тиквеш броеше до 6 против Шкупи

Read more

Рибери се спомнува во документите за Епстин

Read more

Победа се откажа од играњето во втората лига

Read more

Првата лига се буди од зимскиот сон со коло од вторник до четврток

Read more
 

Спорт

Италијанците најдоа решение откако олимписките медали почнаа да се распаѓаат

Читај повеќе
  • play_arrow

Шкендија ја совлада Струга во дербито, Тиквеш броеше до 6 против Шкупи

Читај повеќе
  • play_arrow

Томас-Љоренс доби дозвола, вечерва ќе лизга со музиката од Minions

Читај повеќе

Рибери се спомнува во документите за Епстин

Читај повеќе

Победа се откажа од играњето во втората лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Им требал двоглед: За седишта кај чавките на Супербоул платиле 3.400 долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Четворица исклучени во жестока тепачка во НБА, и полицијата влета на терен

Читај повеќе

Првата лига се буди од зимскиот сон со коло од вторник до четврток

Читај повеќе

Роналдо го прекинува штрајкот

Читај повеќе