Елон Маск: Бидете подготвени за вселенски интернет

Кога се работи за SpaceX, на изненадувањата никогаш им нема крај. Извршниот директор на компанијата, Елон Маск, денеска ги претстави првите сателити дизајнирани да обезбедат интернет покриеност од вселената. Тие се подготвени за лансирање и откако ќе полетаат во надвор од Земјината атмосфера, ќе емитуваат „вселенски интернет“, вели Маск.

Шеесет сателити ќе полетаат кон вселената заедно со ракетата Falcon 9 на компанијата SpaceX. Нивното лансирање е закажано за 15 мај, а тие ќе полетаат од космодромот во Кејп Канаверал (Флорида), како дел од проектот наречен Starlink.

Ако мисијата се покаже како успешна, овие шест сателити ќе бидат само почетокот на проектот со кој е предвидено создавање на „соѕвездие“ од скоро 12.000 сателити кои ќе орбитираат околу Земјата и ќе обезбедат интернет за целата планета.

„Веројатно многу работи ќе тргнат наопаку на првата мисија. Исто така, потребни се уште шест лансирања со 60 сателити за мала покриеност, а 12 за пристојна покриеност“, напиша Маск на неговиот Twitter профил.

SpaceX минатата година лансираше два сателити наречени TinTin A и TinTin B, но тие нема да бидат дел од конечното „соѕвездие“. Успехот забележан со лансирањето на двата TinTin сателити беше доволно за да ја убеди Федералната комисија за комуникации да го одобри проектот Starlink.

Покрај SpaceX, и компанијата Blue Origin работи на сличен проект за испраќање на интернет сателити во вселената. Основачот на Amazon и Blue Origin, Џеф Безос најави дека има намера да лансира околу 3.000 сателити кои ќе орбитираат над Земјината атмосфера и ќе обезбедуваат интернет покриеност на ист начин како сателитите на SpaceX.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Интернет

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе