Елон Маск го лансираше Falcon Heavy – Tesla лебди околу Земјата

Компанијата Space X на милијардерот Елон Маск ја лансираше ракетата Falcon Heavy, најмоќната што постои на светот, со која во вселената се лансираше автомобилот на Маск – Tesla Roadster.

Во автомобилот со боја на вишна на местото на возачот има кукла, а на воланот бишува „Без паника“, алудирајќи на познатиот роман „Автостоперски водач низ галаксијата“ на Даглас Адамс, а на еден од деловите во внатрешноста пишува „направено од луѓе на Земјата“.

 

Printed on the circuit board of a car in deep space

A post shared by Elon Musk (@elonmusk) on

Секако, додека траеше лансирањето во позадина одеше песната „Space Oddity“ на Дејвид Боуви.

Маск веднаш потоа на социјалните мрежи објави речиси надреално видео во живо од вселената во кое се гледа како автомобилот и куклата лебдат околу нашата планета.

Автомобилот некое време ќе лебди околу Земјата, а потоа ќе се упати кон Марс.

Ракетата Falcon Heavy има два пати поголема носивост од другите ракети и може да понесе 64 тони товар, што е повеќе од Boing  737 со патници, екипаж на лет, багаж и гориво.

„Tesla Roadster ќе замине на 400 милиони километри од Земјата и ќе се движи со брзина од 11 километри во секунда“, рече Маск во понеделникот на прес-конференција и додаде дека според проценките, автомобилот ќе кружи во вселената неколку стотици милиони години.

Овој подвиг значи дека во иднина значително ќе се олесни праќањето на поголеми сателити, телескопи и поголеми и поспособни роботи во вселената кои би работеле на површината на Марс или би патувале до Јупитер или Сатурн.

Многу важен дел во целиот овој проект е дека сѐ се прави со многу помали трошоци, а тоа е крајната цел на Маск – евтино патување во вселената.

На пример, едно лансирање на ракетата Falcon Heavy се проценува дека чини 90 милиони долари, а слична ракета на НАСА би чинела околу 1 милијарда долари.

Исто така треба да се земе предвид дека Space X е приватна компанија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе