Компанијата SpaceX на Елон Маск е сѐ поблиску до лансирање на новата огромна ракета што треба да се случи летово.
Во најновото видео што го објави компанијата за летови во вселената се гледа тестирањето на еден од засилувачите што ќе се користи за лансирање на ракетата Falcon Heavy.
Страничниот засилувач најверојатно ќе биде прицврстен во главната етапа од лансирањето на ракетата за да ѝ даде екстра засилување што е потребно за да полета во орбитата.
Falcon Heavy е дизајнирана како најмоќната ракета на SpaceX досега, со еден главен засилувач и два странични засилувачи.