Елон Маск сведочеше во негова одбрана на судење поради клевета по тужба на Вернон Ансворт. Маск се извини во текот на првиот ден од сведочењето во Окружниот суд во Лос Анџелес и кажа дека со зборот „pedo“ не мислел на педофилија туку мислел на терминот кој изразува „морничав стар човек“.
Адвокатот на Ансворт, Лин Вуд праша дали неговата изјава влијаела на акциите на Tesla. Маск одговори дека примил неколку повици од загрижени акционери. Тој истакна дека не ја знае прецизно нивната нето вредност, бидејќи секојдневно варира.
Изјави дека има акции во Tesla и во SpaceX, но дека има и долг, односно дека нема многу пари. На прашањето дали 20 милијарди долари се разумна вредност, Маск одговори дека не знае, но мисли дека вредноста на компаниите на пазарот е веројатно толку.
Недоразбирањето меѓу Маск и Ансворт почна во 2018 година. Професионалниот возач и спелеолог Ансворт се прослави по спасувањето на 12 момчиња од поплавена пештера во Тајланд. Пред да биде завршено спасувањето Маск се вклучи во акцијата, со неговиот тим направи подморница која на крајот се покажа како некорисна во спасувањето.
Ансворт го критикуваше во интервју за CNN и изјави дека „може подморницата да си ја забие таму каде што го боли“, а Маск на Twitter напиша дека Ансворт е „pedo guy“. На судот сега изјави дека бил провоциран.
„Претпоставувам дека тој не мислеше буквално да ме силува со подморницата, а јас не мислев буквално дека е педофил“, изјави Маск пред судот.