Бил Гејтс неодамна го купи својот прв електричен автомобил. Во разговор со познатиот јутјубер Марк Браунли тој изјави дека ужива да се вози во новиот Porsche Taycan.
Маск не е одушевен од одлуката на Гејтс да купи електричен автомобил кој е голема конкуренција на неговата Tesla. Поради тоа на Twitter одлучи да го подбуцне Гејтс и напиша дека не е импресиониран од разговорите со него.
Но, во интервјуто Гејтс ги пофали електричните автомобили на Tesla.
„Патничките автомобили се всушност еден од најважните фактори кога станува збор за воведување на промени потребни за намалување на стакленичките гасови и борбата против климатските промени. Кога би морал да именувам една компанија која помогна во тоа, секако е Tesla“, рече Гејтс и додаде дека ужива во неговиот нов електричен Porsche.
Гејтс се надева дека разликите во цените на обичниот и електричниот автомобил ќе се намалат во наредните десет години и дека многу луѓе ќе почнат да купуваат електрични возила, пишува CNN.
Сепак, Маск би бил многу посреќен ако Гејтс се одлучеше за негов Model S или X.