Елон Маск: Не е некултурно да си заминеш од здодевен состанок

Елон Маск сака неговите вработени да го намалат бројот и времетраењето на непродуктивни телефонски разговори и состаноци за да го поттикне производството на Tesla Model 3 во наредните неколку месеци.

Работата во фабриките на Tesla во Калифорнија моментално е во застој за да се воведат подобрувања за зголемување на производството од 2.000 на 6.000 возила неделно до крајот на јуни.

На интернет се појави и-мејл од Маск чија содржина ги открива другите начини на кои Маск предлага да се подобри работата.

Во препораките спаѓа заминување од здодевни и непродуктивни состаноци, отстапки од хиерархијата и повремено игнорирање на правилата.

Tesla мора да го подобри производството ако сака да почне да остварува профит, а досега прекрши неколку крајни рокови и производни цели.

„Не е некултурно да си заминеш од состанок, некултурно е да му го трошиш залудно времето на некого“, вели Маск во мејлот.

Претерана автоматизација

Model 3 на Tesla е наменет за поширокиот пазар, но компанијата заостанува во остварување на производните цели и испорачување на нарачките за 35.000 електрични автомобили.

Високо автоматизираните фабрики наидоа на тешкотии поради кои Маск минатата недела на Twitter објави дека згрешиле со „претераната автоматизација“ и дека тоа е негова грешка и дека „луѓето беа потценети“.

Во мејлот Маск вели дека актуелните технички подобрувања ќе овозможат производството да се зголеми на 3.000 до 4.000 автомобили Model 3 неделно почнувајќи од следниот месец, а со понатамошните подобрувања, до крајот на јуни ќе стигнат до 6.000 возила дневно.

Меѓу другите совети и препораки на Маск, се следните:

 - Откажувајте состаноци, а ако веќе мора да ги одржите, нека бидат многу кратки

 - Заминувајте си од состаноци и прекинувајте телефонски разговори ако не ви се корисни

 - Одбегнувајте акроними и претенциозни зборови. Не мора луѓето да запамтат цел речник на термини за да може да функционираат во Tesla

 - Заобиколете ја хиерархијата ако е тоа потребно за да се заврши работата. Менаџерите кои ќе инсистираат на „синџир на хиерархија“ во доделувањето обврски наскоро можеби ќе треба да си бараат друга работа

 - Игнорирајте ги правилата ако ви е очигледно бесмислено да ги следите во конкретниот момент.

Минатата недела Маск откри дека е под голем стрес и дека компанијата поминува низ „производствен пекол“ и дека почнал да спие на каучот во канцеларијата во фабриката за да заштеди време.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе