Музика

Елон Маск откри дека Кање Вест му е најголемата инспирација во животот

12. март 2018 - 13:20 | К.З.

Елон Маск е еден од најугледните и влијателни бизнис умови на денешницата, но и тој има негови идоли. Основачот на Tesla и Space X рече дека најголемата инспирација ја гледа во раперот и продуцент Кање Вест.

Вчера Елон Маск ненадејно се појави на филмскиот фестивал South by Southwest (SXSW) и одговори на неколку прашања од публиката и од модераторот на панелот.

Кога Маск се појави на панелот на SXSW, предизвика бурни реакции кај публиката, каде многумина го доживуваат како пример и идол. Но, тој покажа дека и големи индивидуи како него се угледуваат на големци од другите индустрии. Во случајот на Елон Маск, тоа е Кање Вест. Модераторот за време на неговото присуство му го постави прашањето „Која е твојата најголема инспирација“, а одговорот кој го даде Маск малку ја изненади публиката.

„Мојата најголема инспирација? Кање Вест, секако“, одговори Маск на прашањето.

Публиката најпрво реагираше со смеа, но Маск продолжи да ги убедува дека тој навистина го мисли тоа.

„Вест нема лажна скромност, и нема потреба да ја има. Тој е првиот човек кој ќе ве убеди дека треба да биде сместен помеѓу највлијателните луѓе на светот. Неговата посветеност, самоувереност и страст за работата – тој ја одрапува неговата прва песна додека вилицата му беше затворена со протеза – го донесоа до таму каде што се наоѓа денеска. Кање постојано размислува, за сѐ“, рече Елон Маск во 2015 година, кога првпат кажа дека се возхитува од ликот и делото на познатиот рапер.

Нема дилема дека Кање Вест е успешен во секоја гранка во која ќе ги вмеша прстите, што го прави многу сличен со Елон Маск. И додека Кање рапува за патување во вселената со вселенски брод, Маск го живее сонот и ги изработува вселенските бродови.

Коментирај