Живот

Елон Маск откри колку ќе чини билетот до Марс

14. февруари 2019 - 11:22 | Б.С.Б.

Еден ден луѓето би можеле да се преселат на Марс за помалку од 100.000 долари и бесплатно да се вратат на Земјата, доколку Црвената планета не им се допадне, пишува Independent.

Елон Маск верува дека еден ден и обичните луѓе ќе можат да одат на Марс и таму да започнат нов живот.

„Уверен сум дека еден ден преминувањето на Марс ќе чини помалку од 500.000 долари, можеби дури и помалку од 100.000 долари“, вели Маск одговарајќи на прашања на Twitter, за тоа колку би изнесувале евентуалните трошоци.

Тој смета дека цената е доволно ниска, дека луѓето во развиените земји можат да ги продадат своите домови на Земјата и да се преселат на Марс, се разбира доколку го сакаат тоа.

Маск сега работи на реализација на тој план, да ги однесе луѓето на Марс. Неговиот брод Starship е во процес на тестирање, па останува да видиме дали неговите планови ќе се остварат.

Коментирај