Производителот на електрични автомобили „Tesla“ повторно не ги исполни производните цели за новиот седан Model 3.
Компанијата со седиште во Пало Алто, Калифорнија направи 2.425 Model 3 во четвртиот квартал, што е само дел од 20.000 автомобили месечно, како што вети главниот извршен директор Елон Маск минатото лето кога автомобилот прв пат влезе во производство.
Сепак, „Tesla“ ги надмина целите за продажба и испорача 101.312 седани Model S и SUV возила Model X во 2017 година, што е за 33% повеќе од претходната година.
Меѓутоа, сите погледи се свртени на Model 3, првиот автомобил на „Tesla“ со поголем обем на производство со пониски трошоци, кој е од клучно значење за да може компанијата да ја оствари својата цел: да стане профитабилен, водечки производител на автомобили.
„Tesla“ во еден момент имаше повеќе од 500.000 потенцијални купци на листа на чекање за Model 3.
Во соопштението од компанијата стои дека постигнат е значителен напредок во отстранувањето на некои препреки во производството и дека сега очекуваат до крајот на првиот квартал на 2018 да произведуваат 10.000 автомобили Model 3 месечно, а до крајот на вториот квартал и 20.000.
Акциите на „Teslа“ синоќа паднаа за 2% на 310,50 долари по акција.