Елон Маск работи 120 часа неделно, секој час заработува 900.000 долари

Изгледа дека улогата на еден од најбогатите иноватори на 21 век и не е така едноставна како на останатите бизнисмени. Еден работен час на Елон Маск чини 900.000 долари – тоа го пресметаа експертите од Business Insider според пријавената годишна плата.

Поради сите ангажмани во SpaceX, Tesla и The Boring Company, Маск мора да работи многу часови. Тој вели дека неделно работи по 120 часа, иако нормалната работна недела изнесува околу 40 часа.

Вредноста на неговата компанија Tesla порасна за 11% во текот на минатата недела, а се проценува дека Маск од тоа заработил околу 1,43 милиони долари. Во неколкуте интервјуа за The New York Times тој проговори за неговиот работен план и за тоа дека неговите пријатели веќе од поодамна го советуваат да земе одмор.

Маск нема земено одмор од 2001 година, кога мораше да одмора само поради фактот што боледуваше од маларија. Неговите работници и советници велат дека тој понекогаш не излегува од фабриката по три-четири дена.

Јужноафриканскиот иноватор стана симбол на работохоличарите ширум светот уште од свадбата на брат му, на која присуствуваше само неколку часа и потоа се врати во компанијата за да одржи состаноци со вработените. Факт е дека успехот на Маск зависи од успехот на неговите компании и дека неговата визија ги направи овие компании толку успешни, но неговиот презафатен распоред ги натера сите да се прашуваат колку всушност вреди еден час од времето на Елон Маск и колку би изгубил ако отиде на одмор.

Се претпоставува дека Маск „тежи“ околу 23 милијарди долари, бидејќи неговите примања во SpaceX и понатаму остануваат непознати. Со оглед на тоа што работи 17 часа дневно, а во текот на 10 години заработи 55,8 милијарди долари, тоа значи дека еден час од неговото време вреди околу 900.000 долари.

Сепак, тој нема гаранција дека ќе добие пари за прекувремена работа, бидејќи неговиот договор му гарантира пари во зависност од исходот, што значи дека тој мора да го заврши секој проект доколку сака тој да му биде исплатен.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Бизнис

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more

Остар пад на цените на нафтата

Read more
 

Вести

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Читај повеќе

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе