Наука

Елон Маск сака да стави своја Hyperloop технологија во неговите подземни тунели

5. август 2017 - 16:39 | А.С.

Елон Маск можеби конечно ќе направи своја Hyperloop технологија за која сонува уште од 2013 година и сака да ја примени во неговиот систем за подземни тунели со кој планира да го надмине сообраќајниот метеж во Лос Анџелес и на Источниот брег.

Извор близок до Маск изјави дека главниот извршен директор на The Boring Company напредува со плановите да направи свој Hyperloop  систем, во време кога технологијата е „жешка тема“.

Претставник на компанијата соопшти дека во тунелите на The Boring Company ќе има Hyperloop технологија, но не ја потврди изјавата на изворот.

Маск неодамна повторно ја разбранува јавноста кога преку Twitter соопшти дека добил „вербален потврден одговор од Владата“ за да изгради мрежа од тунели што ќе ги поврзува поголемите градови на Источниот брег. Тој ги нарече тунелите „подземен Hyperloop“, но не кажа конкретно кој ќе ја обезбеди потребната технологија, што е клучен детал имајќи предвид дека покрај помпезното концептуално видео за тоа, компанијата нема најавено планови дека работи на своја технологија.

Екцентричниот милијардер славно ги најави неговите планови да прави Hyperloop технологија, но во голема мера заостана во трката, со објаснување дека тоа не е приоритет во споредба со обврските кон SpaceX и Tesla.

Маск го има правото на користење на терминот Hyperloop и портпаролот на компанијата рече дека со задоволство ќе соработуваат со конкуренцијата сѐ додека сите играат по правилата на Маск.

„Ги поддржуваме другите кои прават напредок во ова поле, но исто така ги засилуваме нашите напори да ја оствариме оваа технологија што е можно побрзо. Ги охрабруваме компаниите што работат на Hyperloop технологија да напредуваат и немаме намера да ги спречиме да го користат терминот, сѐ додека се верни на концептот“, велат од компанијата.

Коментирај