Елон Маск се спаси – останува на чело на „Tesla“

Елон Маск го преживеа обидот да му ја одземат клучната улога во „Tesla“ кога акционерите правеа реизбор на тројца директори во одборот на производителот на електрични возила.

Еден инвеститор сакаше на Маск, основач и главен извршен директор на „Tesla“, да му биде одземена улогата на претседател на одборот. Во американските компании двете улоги обично ги држи истиот човек.

Предлогот беше ставен на гласање на годишниот состанок на „Tesla“ во Маунтин Вју, Калифорнија што се одржа вчера.

Компанијата го искористи состанокот за да ја најави најновата „гигафабрика“ што ќе се гради во Шангај, со соопштение дека кинеската фабрика доаѓа „многу наскоро“, рече Маск.

Обидот да му биде одземена улогата на претседател на одборот беше најголемиот удар на моќта на Маск во „Tesla“, каде тој има удел од 20%.

Дел од инвеститорите беа вознемирени од проблемите со кои се соочува компанијата во поглед на производството на Model 3 што е од клучно значење за долгорочната профитабилност на компанијата.

Маск рече дека достигнувањето на целта да се произведуваат 5.000 Model 3 возила неделно до крајот на месецот е „многу веројатно“, имајќи предвид дека сега се произведуваат 3.500 возила неделно.

„Ова беа најпеколните неколку месеци во мојот живот... ама мислам дека се доближуваме до целта“, рече тој пред инвеститорите.

„Тука во Tesla правиме автомобили со љубов“, рече Маск видно емотивен.

„Во многу други компании прават автомобили со маркетинг или со секторот за финансии и тоа нема душа. Не сме совршени, но оставаме срце и душа во она што навистина ни значи.“

„Tesla“ пријави рекордна квартална загуба од речиси 710 милиони долари за трите месеци до март, што е повеќе од двојно во споредба со загубата во истиот период лани.

Вредноста на акциите на компанијата беше променлива во изминативе месеци и падна на околу 252 долари за акција во април. „Tesla“ уште се вреднува на речиси 50 милијарди долари, што е речиси 5 милијарди долари повеќе од автопроиводителот „Ford“.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе