Бизнис

Елон Маск веќе не е на чело на Tesla, а ќе плати и казна од 20 милиони долари

30. септември 2018 - 9:20 | М.Д.

Основачот на компанијата Tesla, Елон Маск, соочен со обвиненијата на Американската комисија за хартии од вредност ( SEC), за измама поради наводно ширење на лажни информации за продажба на компанијата на Twitter, во наредните три години нема да биде на чело на управата на Tesla Motors.

Според условите од спогодбата, Маск ќе остане извршен директор во Tesla, но ќе мора да отстапи од местото претседател на управата на три години, а покрај тоа и тој и компанијата Tesla ќе мораат да платат по 20 милиони долари парична казна.

Се започна, кога Маск преку Twitter порача дека размислува за повлекување на акциите на Tesla од берзата и дека тоа е најдобриот пат за развој на компанијата. Тогаш, меѓу другото тој рече дека ја има поддршката од инвеститорите, како и тоа дека на акционерите ќе им бидат понудени по 420 долари од акција.

SEC го обвини Маск за лажни твитови и дека никогаш не разговарал за тоа со некого од финансиерите. SEC во тужбата бараше и пожестока казна за основачот на Tesla, односно покрај одземањето на лидерската позиција во компанијата, дополнително да му се забрани да биде директор во која било друга компанија која работи на берзата.

Маск ги негираше сите обвиненија, тврдејќи дека вистината му е на прво место, односно дека се што правел било во интерес на компанијата.

Во меѓувреме, цените на акциите на Tesla забележаа пад за 12 отсто.

Коментирај