Елон Маск влезе во онлајн војна со спасувач од пештерата во Тајланд

Вашингтон, 16 јули 2018 (МИА) - Основачот на компанијата Space X одговори гневно на критиките што стигнаа на негова адреса од британскиот нуркач Верн Ансворт, еден од спасувачите на децата што беа заглавен повеќе од две недели во пештера во северен Тајланд.

Како што објави „Холивуд репортер“, во текот на подготовките за извлекување на децата од пештерата, Ансворт на својот профил на Twitter го критикуваше планот на Маск за спасување на момчињата со помош на мини-подморница нарекувајќи го  „PR трик“ и му порача на милијардерот „да си ја напика подморницата таму каде што боли“.

Во одговор до нуркачот, Маск напиша дека ниту еднаш не го видел „овој британски бегалец“ на местото на настанот и му порача да покаже видео од спасувањето на учениците.

- Знаеш, не се мачи да покажуваш видео. Ние ќе направиме една кога мини-подморницата ќе го помине целиот пат во пештерата. Извини, педофил, сам си го бараше, напиша Маск.

Тој не објасни што сакал да каже со објавата и подоцна го избриша својот твит.

Минатата недела Маск лично ја достави мини-подморницата за евакуација на момчињата и тренерот од пештерата, но спасувачите на сакаа да ја употребат.

Од 8 до 10 јули нуркачите успеаја да ги спасат 12-те момчиња и нивниот тренер од пештерата.

Ансворт најави дека ќе го тужи Маск за клевета, а интернет корисниците бурно реагираа на коментарите на Маск и го критикуваа дека тоа не му доликува на еден иноватор и светски познат бизнисмен.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Read more

Свет

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Read more

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Read more

Украинците објавија снимка: Вака изгледа град под руски напад

Read more

Макрон откри: Во случај на терористичка закана, имаме резервни планови за отворање на ЛОИ

Read more
 

Вести

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе

Османи ги откажа денешните партиски активности поради здравствени причини во семејството

Читај повеќе