Музика

Елтон Џон го изгуби гласот во текот на концерт во Нов Зеланд

17. февруари 2020 - 13:53 | Б.С.Б.

Познатиот британски музичар Елтон Џон имаше концерт во Нов Зеланд, но го прекина бидејќи го изгуби гласот. Елтон Џон има 72 години, а има здравствени проблеми предизвикани од атипична пневмонија.

„Штотуку целосно го изгубив гласот, не можам да пеам. Морам да одам, жал ми е“, изјави пејачот пред публиката.

Видно потресен пејачот пред публиката го призна ова. Публиката го испрати со овации, пренесува BBC. Болеста што ја има пејачот најчесто е предизвикана од вирус или бактерија.

На социјалните мрежи тој им се заблагодари на обожавателите и доби голема поддршка од нив.

„Многу сум разочаран, длабоко вознемирен и жал ми е. Дадов сè од себе. Им благодарам на сите за поддршката, засекогаш ќе ви бидам благодарен“, е дел од пораката што ја упати на Instagram.

Коментирај