Објавена „Негде после два“

Елвир Мекиќ запеа по повеќе од 𝟣𝟢 години и тоа во дует со Пајак

По нешто повеќе од 10 години пауза, на сцената се враќа и Елвир Мекиќ – популарниот хитмејкер од 2000-тите години, и тоа со заедничка соработка со младиот и популарен пејач и автор Пајак.

Remote video URL

Елвир беше еден од најпопуларните пејачи кај нас и потсетува на едно убаво време пред 17 години, времето на најголемата експанзија на македонската поп-музика. И новата песна, која е со модерен звук, го има стариот вајб со примеси на ретро РНБ 2000-тите.

„Мислам дека направивме добар спој, со кој ќе ја опфатиме постарата публика, а Пајак ја има помладата публика. Логично е оние деца што имаат 15 години да не ме познаваат“, изјави Елвир.

Автор на музиката е Пајак, текстот е на Елвир Мекиќ, но интересно е тоа што текстот на песната е напишан од насловите од најголемите хитови на Елвир, како: „Некаде после два“, „Армиија“, „Ич не ме боли“, „Слаба точка“ и други. Аранжманот, миксот и мастерингот се на Иван Јованов-Ивајо.

Спотот е во режија на Гордан Божиновски – Urban Records продукција. Се снимаше на две локации, во Дајмонд мол, „Гурман стрит“ и хотелот „Лимак“ . Во спотот се појавуваат нашиот познат манекен и фитнес-модел Драган Стојчевски и моделот Евгенија Петрушевска.

Елвир со сопругата и синот живее и работи во Сараево, Босна и Херцеговина, но со Македонија, освен блиските и пријателите, го поврзуваат и работни ангажмани, па така периодот што претстои планира да се посвети и на музичката кариера.

реклама

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Музика

Виз Халифа верува дека Земјата е рамна

Read more

Роби Вилијамс по 10 години повторно во депресија: Мислев дека се опоравив

Read more

Одбраната на Диди: Забавите беа со согласност на сите учесници

Read more

Френк Ферер по 19 години ги напушта Guns N' Roses

Read more
 

Сцена

  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Долф Лундгрен тврди дека тајната за среќен брак се прегратките

Читај повеќе
  • filter

Заврши 30. Моден викенд Скопје: Бастион на новите идеи и дом за вљубениците во модата

Читај повеќе
  • play_arrow

Виз Халифа верува дека Земјата е рамна

Читај повеќе
  • filter

Од писта до публика: Како Моден викенд Скопје ја слави индивидуалноста?

Читај повеќе

Јубилејна 30. сезона на FWSK: Скопје знае што е мода

Читај повеќе

Анџелина Џоли речиси се откажала од филмот што ѝ ја промени кариерата

Читај повеќе

Лик од Македонија ќе се појави во The Simpsons

Читај повеќе