Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината на Pfizer/BioNTech прилагодена на омикрон варијантата на COVID-19 за деца на возраст од пет и повеќе години, беше објавено денеска.

Вакцината приспособена на подваријантите BA.4 и BA.5 веќе е одобрена како бустер доза за лица над 12 години.
Европската комисија допрва треба да ја одобри препораката, но тоа се смета за формалност. Експертите рекоа дека очекуваат поширока заштита од различни варијанти на COVID-19.
Производителите посочија на студии кои покажуваат силни имунолошки реакции против подваријантите BA.4 и BA.5 кај луѓе над 18 години 30 дена по вакцинацијата.
Pfizer тврди дека адаптираната вакцина е безбедна колку и оригиналната.