За време на церемонијата за доделување на Златните Глобуси беше објавен нов краток ТВ спот од долгочекуваниот филм на Disney, „Beauty and the Beast“.
Базиран на истоимениот анимиран филм, трејлерите и тизерите ветуваат дека ќе биде многу верен на оригиналниот материјал. Во новиот ТВ спот се слуша познатата музика и песна од анимираниот филм, овојпат испеана од Ема Вотсон.
Премиерата е закажана за 17 март 2017 година, а во главните улоги се појавуваат Ема Вотсон, Ден Стивенс, Ема Томпсон, Еjaн Мекрегор и други.
Погледнете го спотот:
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=S7ENUYTXlJg]