Емануел Макрон - Новиот европски лидер

После ракетните напади во Сирија, но и поради својата медиумска офанзива, Емануел Макрон дефинитивно стана предводник на Европската Унија.

Лично тој го убеди американскиот претседател Доналд Трамп да тргне во одмазда поради хемискиот напад на Дума. Тоа францускиот претседател Емануел Макрон го изјави во второто големо интервју во текот на оваа недела, која ќе остане запаметена. Макрон воопшто не сака да остави впечаток каков што остави неговиот претходник.

Франсоа Оланд во 2013 година подготви се за да тргне во воена интервенција во Сирија, рамо до рамо со Американците. И тогаш режимот на Асад изврши напади со бојни отрови во Сирија, но претходникот на Трамп, Обама, во последен момент се премисли и Оланд беше изневерен.

На Макрон сега му успеа да избегне таква ситуација. Не беше повторена грешката на Обама, кој ја повлече црвената линија, а потоа, откако беше пречекорена, немаше ефекти. Останува прашањето дали воените напади се вистински пат за подобрување на ситуацијата во Сирија, но јасно е дека францускиот претседател ја зазема позицијата на силен државник, политичар кој го прави она што ќе го најави. Но, тој исто така мора да сфати дека како главен државник во ЕУ, посебно кога станува збор за прашања како што се мир и војна, многу бргу може да остане сам и изолиран.

Веќе видено

Заедничкиот став на европските министри за надворешни работи, кој беше усвоен во понеделникот опфаќа добро познати предлози: Хуманитарен пристап, прекинување на огнот и политичко решение. Единствено што недостасува е барање за воведување на зона за забрана на летови. Може да се каже дека Европејците ги дадоа сите предлози и концепти, кои веќе беа на маса и пред многу години.

Во меѓувреме, знаеме дека целото она што се предложува звучи конструктивно, но и дека не ја подобрува положбата на Сиријците. Западот потфрли во Сирија и Макрон тоа добро го знае. Но, сепак, тој сака да остави впечаток дека овде во Европа барем некој се обидува нешто да направи.

Покрај двочасовните интервјуа во текот на изминативе неколку дена, Макрон во вторникот одржа и говор околу иднината на ЕУ во Европскиот парламент, а во четврток ќе се сретне и со германската канцеларка во Берлин. Не сака да ја остави по страна, но тоа не е така едноставно. Французинот моментално е толку присутен на сите канали, што понекогаш мора вистински да се потруди да го зачува впечатокот за блиската француско-германска соработка. Бидејќи, кога и да станува збор за воени прашања, Германија е речиси секогаш автоматски исклучена.

Тоа инаку се однесува и на поголемиот дел од земјите членки на ЕУ. И покрај сите планови за заедничка надворешна и безбедносна политика во ЕУ, посебно кога станува збор за одбрана, секоја земја се уште е концентрирана сама на себе. Тоа го покажуваат и заедничките изјави на министрите за надворешни работи на ЕУ од понеделникот.

Поддршката за воздушни напади е изразено воздржана. Како и обично, Франција и Велика Британија секогаш се одговорни за валканата работа на воен план, а останатите земји немаат ниту желба, ниту технички можности за напади какви што минатата сабота беа изведени во Сирија. Да, многу земји ќе ги поддржат таквите напади, но тоа не е доволно за да бидат сериозно сфатени на меѓународната сцена.

Нема повеќе леснотија

Покрај желбата за акција, харизма и далекусежни овластувања, францускиот претседател е еден од ретките во Европа кој уште има и воен потенцијал. Тоа му овозможува да биде сфатен сериозно и на глобален план. Она што Германија го прави на економски план секако дека е многу важно, но гледано од страна, во конфликтот во Сирија Германија нема влијание. За ЕУ како целина таквата поделба на улоги може да функционира, но тоа сепак може да има последици по внатрешната структура на моќ меѓу Париз и Берлин.

Макрон покажа дека му е исклучително важно да исполни се што ќе каже. Ракетните напади се нешто сосема друго од тоа да го опомените европскиот министер за финансии и од него да побарате да ги изведе работите на виделина. Со ова, Макрон, конечно ја отфрлува онаа младешка леснотија која минатата година му донесе победа на изборите во Франција.

Европската унија и светот сега гледаат нов француски претседател: Свесен, сериозен и поодлучен од било кога – Макрон, кој сега веќе без сомнение е главен авторитет и главен командант. Со тоа тој прераснува во државник кон кого сите негови колеги од ЕУ го свртуваат своето внимание – можеби не за сите прашање, но секако дека тоа го прават за поголемиот дел од прашањата, а посебно за оние кои се однесуваат на надворешната политика. Сепак, тоа не му донесува само предности, бидејќи лидер е човекот кој многумина сакаат да го следат, но лидер е и човекот зад кого многумина сакаат да се скријат.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе