Фудбал

Емери: Џака може да се врати, ќе стане посилен со навивачите

21. ноември 2019 - 17:11 | МИА/КАЈГАНА

Менаџерот на Арсенал Унаи Емери изјави дека играчот од средниот ред Гранит Џака може да се врати во игра против Саутхемптон следната сабота и да игра за прв пат, откако му беше одземен капитенската лента на натпреварот против Кристал Палас (2-2).

На средбата со тимот од Лондон, Џака се налути на навивачите додека го напушташе „Емирати“ и почна да ги пцуе, а тие одговорија со силни свирежи.

На швајцарскиот играч од средниот ред му беше одземена капитенската лента на „топџиите“, а беше објавено и дека Џака веќе не може да игра за клубот од Северен Лондон.

Сепак, пред локалните медиуми Емери рече дека Швајцарецот има шанса да игра на натпреварот против Саутхемптон.

– Неговата ментална состојба е подобра и тој може да игра кога ќе ни треба. Разговарав со него утрово и имавме добар разговор. Тренираше многу добро за време на паузата на репрезентацијата. Мојата цел е тој да се врати и да ни помогне и да го убеди секој навивач дека неговиот настап е важен за клубот и тие можат да бидат горди на него. Ќе решиме дали тој ќе игра утре. Мислам дека едно враќање ќе му даде утеха. Кога ќе се сретне со навивачите, ќе биде добар момент и тој ќе стане посилен со нив, заврши Емери.

Срамниот момент кога Џака беше исвиркан од сопствените навивачи изгледаше вака:

Коментирај