Емери не го пушти Лев на тренинг на Арсенал

На германскиот селектор Јоаким Лев не му било дозволено да присуствува на тренингот на Арсенал по наредба на Унаи Емери. Германскиот стратег бил спречен да стигне до Месут Озил, со кого сакал да разговара по неговото решение да се откаже од националниот дрес.

Јоахим Лев и Оливер Бироф присуствуваа на доделувањето на наградите на ФИФА за најдобар играч во 2018 година. Церемонијата се одржа во Лондон и тренерот на Германија сакал да го искористи овој момент за да го види својот веќе поранешен играч во Бундес-тимот.

Лев и Бироф се обиделе да договорат средба со Месут Озил, но од Арсенал ја отфрлиле можноста да ги пуштат на тренингот на „топџиите“.

Од Арсенал им споделиле на двајцата дека не се добредојдени на базата на тимот од Лондон, а инструкциите биле дадени директно од Унаи Емери.

Дваесет и девет-годишниот играч на Арсенал објави дека се повлекува од тимот во јули, откако беше преплавен со критики поради слабата игра и средбата со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Играчот се фотографираше со шефот на државата во предвечерието на Светското првенство и изборите во Турција.

- Сакавме да поразговараме со Месут, но очигледно треба да го прифатиме фактот дека тој нема желба да контактира со нас. На неколку пати му ѕвонев и му испраќав пораки, но тој се уште не одговорил, рече Бироф пред „Билд“.

Неодамна Јоаким Лев беше во посета на тренинг базата на Арсенал, откако таму разговарал со Бернд Лено и Шкодран Мустафи, како и со поранешниот германски репрезентативец, Пер Мертезакер, но не успеал да си размени барем неколку зборови со Озил, пишува „Билд“.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Read more

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more
 

Спорт

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе