Аргентина беше поразена на гостувањето против Колумбија, а во центарот на вниманието повторно беше голманот на аргентинската репрезентација Емилиано Мартинес.
Аргентинскиот голман Емилиано Мартинес е познат по однесување кое често ги надминува границите на пристојноста. И повторно направи скандал.
Колумбија оствари голема победа против светскиот шампион, славеше со 2:1 и значително ги зголеми шансите за освојување на Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.
Блескаше Хамес Родригес кој неодамна стана играч на шпански Рајо Ваљекано, тој беше асистент и стрелец на овој меч. Но, наместо за неговата партија, се зборува за нов скандал во режија на Мартинес.
Чуварот на мрежата на „гаучосите“ не можеше да го поднесе поразот, а гневот го исфрли пред камера. Имено, кога камерманот се доближa до Емилиано, тој реши да ја удри и да ја сврти во друга насока.
Не му е првпат, а ни вторпат да се однесува недолично.
No jodan con el Dibu... pic.twitter.com/RcCB8Tbt9j
— TyC Sports (@TyCSports) September 10, 2024