Филм & ТВ

Емилија Кларк се инспирирала од Хитлер за моќниот говор на Денерис во „GoT“

23. мај 2019 - 12:32 | А.С.

Актерката Емилија Кларк брилијантно ја одигра улогата на Мајката на змејови Денерис Таргариен во серијата „Game of Thrones“.

Во последниот говор пред нејзината војска таа звучеше како вистински диктатор.

Во интервју за Variety Кларк призна дека долго време се подготвувала за сцената и дека во подготовките за инспирација гледала говори на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер и други историски злогласени диктатори.

„За да се подготвам за овој говор гледав многу видеа со диктатори и моќни лидери кои зборуваат на друг јазик од мојот мајчин за да видам дали ќе разберам што зборуваат. И навистина можев! Навистина може да разберете што кажува Хитлер! Ако верувам во секој збор што го кажувам, публиката нема да мора да обрнува премногу внимание на преводот“, рече Кларк која во сцената зборува на валирски и дотрачки јазик.

Коментирај