Фановите на „Game of Thrones“ сигурно со нетрпение очекуваа да ја видат Емилија Кларк во акција.
Кларк (33) се врати со улога во хорор, за првпат во кариерата.
Хорор антологијата „Murder Manual“ беше најавена како серијал од осум морничави, страшни поглавја. Сите епизоди раскажуваат различи приказни, но продуцентите тврдат дека сите се поврзани на некој начин и ги повикаа гледачите внимателно да гледаат и да ја бараат поврзаноста.
Ликот на Кларк се појавува во сегментот „Shackled“ што актерката првично го сними како краток филм во 2012 година. Малу е жена која ја прогонуваат сеќавањата на сопругот и ќе се најде во заложништво на циркуска трупа.
Во серијата што е достапна на Amazon играат и Хедли Фрејзер, Силвија Панаконе, Марија Олсен и Брајан Менли Дејвис. Меѓу режисерите се вбројуваат Мајкл Ескобедо, Кели Халмарк, Мет Њутон, Сем Н. Пауел, Тони Тиканен и Нур Вази.