Славниот американски рапер Еминем го објави својот десетти студиски албум под назив „Kamikaze“, на кој се наоѓаат дури 13 нумери.
Американскиот рапер Еминем својот албум го подготвуваше во тајност, односно без никаква претходна најава го објави својот десетти студиски албум под назив „Kamikaze“, што предизвика вистинска еуфорија помеѓу љубителите на рап и хип-хоп музиката.
Така неговиот албум наеднаш се појави на стриминг сервисите, после албумот „Revival“ од 2017 година, кој собра најмногу критики.
Во најновиот албум „Kamikaze“ се наоѓаат 13 песни, од кои нумерата „Venom“ ќе се најде и во истоимениот филм кој допрва треба да ја има својата премиера, а во кој глуми актерот Том Харди.
Омотот на албумот ни прикажува како Еминем оди во напад кон сите оние кои немаа позитивни критики за неговиот последен албум „Revival“, додека песните ја откриваат интроспективната, чувствителна страна на раперот, кој за прв пат открива дека се предозирал, односно дека се наоѓал на чекор од смртта.
Во неколку песни од албумот „Kamikaze“, раперот ја изразува својата фрустрираност поради реакциите на луѓето на албумот „Revival“.