Катарците се обиделе преку 50 Сент, инаку пријател на Еминем, да го убедат славниот рапер да одржи свој настап на Мундијалот.

Во интервју за емисијата „Big Boy's Neighborhood“ на радио Real 92.3, славниот американски рапер 50 Сент на јавноста ѝ откри дека неговиот колега Еминем одбил баснословна понуда од Катар за настап на една од церемонииете на отворањето или затворањето.
Катарците биле воодушевени од настапот на 50 Сент и Еминем на полувремето од минатиот Супербоул во Лос Анџелес, па за зделката понудиле вкупно 9 милиони долари.
„Ме контактираа поради Супербоулот. Еден милион требаше да добијам јас за посредувањето, а 8 требаше да добие Еминем. Неговиот менаџер ја одби понудата: рече дека ќе биде залудне да го прашува“, откри 50 Сент.
Нити големата сума пари, ниту долгото пријателство со 50 Сент не успеале да го убедат популарниот Слим Шејди, кој како други пијачи, меѓу кои и Дуа Липа, одлучија да го бојкотираат Мундијалот во Катар.
На церемонијата на отворањето се појавија Морган Фримен и Гамин Ал-Муфта, додека настап имаа членот на јужнокорејскиот бенд BTS, Џанкук, како и домашниот пејач Фахад Ал Кубајси. На затворањето настапија пореториканскиот пејач Озуна и францискиот рапер Жим, а настап имаа и Канаѓанката Нора Фатехи, емиратскиот музичар Балкис, Ирачанката Рахма Риад и Мароканецот Манал.
Химните на двете репрезентации во финалето ги изведоа аргентинската поп ѕвезда Лали Еспосито и египетската мецоспоранка Фара Ел-Дибани.