Еминем го нарече Трамп „камикази кој ќе предизвика нов холокауст“
Американскиот рапер Маршал Матерс, попознат како Еминем, го нападна претседателот Доналд Трамп во новото „фристајл“ рап видео.
Еминем го покажа гневот кон актуелниот американски претседател Доналд Трамп, откако претходно со недели го напаѓаше на социјалните мрежи поради испадите кои Трамп ги направи во разговорите за Северна Кореја, а посебно по посетата на Порторико, кој беше уништен од ураганот Марија.
Раперот се обрати и на неговите фанови кои се поддржувачи на Трамп, кажувајќи им „или си со мене, или со него“.