Последниот извештај на Агенцијата за животна средина на Европската Унија покажува дека новите возила регистрирани во ЕУ испуштаат 12% помалку штетни гасови, јави дописничката на МИА од Брисел.
Студијата ги зема предвид ЕУ, но и Обединетото Кралство, Исланд и Норвешка.
Според агенцијата ова е најголемиот пад на CO₂ емисии откако тие се мерат, од 2010 година, и се совпаѓа со новите стандарди на ЕУ за возила применети од минатата година. Европската комисија смета дека новата регулатива на ЕУ е поттик за производителите на возила да произведуваат почисти автомобили.
Драстично е зголемен бројот на регистрирани електрични возила, од 3,5% во 2019 на 11,6% во 2020. Бројот на нови електрични возила за прв пат достигна 1 милион во ЕУ, Исланд, Норвешка и Обединетото Кралство.
Европската комисија го поздравува своето законодавство за CO₂ емисии и оценува дека е тоа е ефикасен начин за намалување на штетните гасови.