Фудбал

Емотивно збогување на капитенот: Прв и последен гол за Јанг Бојс

26. мај 2019 - 13:58 | МИА/КАЈГАНА

На капитенот и легендата на швајцарскиот Јанг Бојс, Стив фон Берген, му требаше да го одигра својот последен натпревар во кариерата за да го постигне својот првенец за клубот на метрополата.

Фон Берген својот прв гол го постигна по вкупно 326 одиграни натпревари за швајцарскиот клуб, за кого игра од 2013 година. Во моментот на погодокот целата екипа од Берн се затрча да го прегрне својот капитен, со што го расплакаа 35-годишниот Швајцарец.

Капитенот не можеше ни да замисли подобро заминување од фудбалот: неговиот клуб на последниот натпревар од сезоната синоќа го победи Луцерн со 4:0, и уверливо ја освои шампионската титула со дури 20 поени повеќе од второпласираниот Базел.

Коментирај