Култура

Емотивно збогување на МНТ од актерот Гоце Влахов

28. јули 2019 - 14:53 | А.С.

По неколкугодишно боледување, актерот Гоце Влахов почина на 70-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Колеги актери, режисери, културни работници и новинари се збогуваат со актерот кој со децении беше нераздвоен дел на македонскиот филм, театар и телевизија.

Неговиот матичен театар, Македонски народен театар, каде Влахов работеше до пензионирањето, емотивно се збогува со еден од доајените на македонското глумиште.

 „Гоце Влахов ќе остане запаметен по вештината со која го создаде секој лик карактеристичен, секогаш сигурен во играта и страста кон театарот и претставата. Таа константност на играта му обезбедува важно место, место за паметење“, стои во објавата на МНТ.

Коментирај