Филм & ТВ

Ен Хатавеј е вешта измамничка во трејлерот за „The Hustle“

12. февруари 2019 - 18:00 | Б.С.Б.

Сакате да слушнете како звучи Ен Хатавеј со британски акцент? Тоа ќе го дознаете во трејлерот за „The Hustle“, римејк на „Dirty Rotten Scoundrels“.

Хатавеј е во улога на вешта измамничка која успева да ги мами богатите мажи, а во истиот занает ќе ја упати и симпатичната Ребел Вилсон. Претходно улогите беа играни од Мајкл Кејн и Стив Мартин во 1988 година, и од Дејвид Нивен и Марлон Брандо во 1964 година во оригиналниот „Bedtime Story“.

Оваа женска верзија премиерно ќе биде прикажана на 10 мај.

Коментирај