Енцо Фернандес се извини за навредите кон Африканците што играат за Франција

Репрезентативец на Аргентина, Енцо Фернандес, се извини за навредите кон Французите за време на прославата по освојувањето на Копа Америка.

Аргентинците во неделата го добија финалето на Копа Америка против Колумбија со 1:0 и ја одбранија титулата, а за време на прославата Енцо Фернандес се сними себеси и неговите соиграчи како пеат навредлива песна за Французите, алудирајќи на африканското потекло на многу членови на „Ле Блу“.

„Играат за Франција, но нивните родители се од Ангола. Мајка им е од Камерун, а татко им е од Нигерија. Во нивниот пасош пишува Франција“, пееја аргентинските фудбалери.

Француската фудбалска федерација (ФФФ) веднаш ги пријави Аргентинците во ФИФА, на кои сега им се заканува голема парична казна.

Соиграчите на Фернандес од Челси, Аксел Дизаси, Мало Густо и Весли Фофана веднаш го отследеа Аргентинецот на Instagram, а Фофана во една објава напиша: „Фудбалот во 2024: Незапирлив расизам“.

Сега се огласи и Фернандес кој рече дека не е расист.

„Искрено се извинувам за видеото на мојот Instagram за време на прославата. Песната содржи многу навредлив јазик и нема оправдување за тие зборови. Секогаш сум против дискриминација и се извинувам затоа што ме зафати еуфоријата од славењето на Копа Америка. Тоа видео, тој момент, тие зборови не се одраз на моите верувања, ниту на карактерот“, напиша Фернандес на Х.

Но, штетата е веќе направена и Челзи отвори внатрешна истрага што секако ќе резултира со казнување на Фернандес.

Дел од англиските медиуми пишуваат дека покрај суспензијата и паричната казна, една од можностите е Аргентинецот да се стави на трансфер листа доколку француските фудбалери на лондонскиот клуб не сакаат да ја делат соблекувалната со Фернандес.

реклама

Вреди 400 пати повеќе од злато: Кој е најскапиот метал?

Read more

Голем неделен хороскоп од 16 до 22 февруари: Што му предвидува на вашиот знак?

Read more

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Read more

BMW повлекува стотици илјади автомобили 

Read more

Фудбал

Сити не спие, има замена за Гвардиола

Read more

Tutosport ја напаѓа ѕвездата на Интер: Срамна прослава

Read more

Дембеле ги критикува соиграчите: ПСЖ мора да биде на прво место, а не поединци

Read more

Модриќ стана третиот најстар стрелец во Серија А

Read more
 

Спорт

Единствениот спорт без жени на ЗОИ 2026: Зошто олимпискиот сон за спортистките сè уште е забранет?

Читај повеќе
  • play_arrow

Прва олимписка тепачка по 1998: Се пресметаа Французин и Канаѓанец

Читај повеќе
  • play_arrow

Ентони Едвардс е MVP - ги предводеше Stars до возбудлива победа на Ол-стар 

Читај повеќе

Сити не спие, има замена за Гвардиола

Читај повеќе
  • play_arrow

Tutosport ја напаѓа ѕвездата на Интер: Срамна прослава

Читај повеќе

Спортистите во Олимпиското село останаа без кондоми

Читај повеќе

Дембеле ги критикува соиграчите: ПСЖ мора да биде на прво место, а не поединци

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Обожавателите се возбудени: Мекгрегор сериозно тренира, чека покана за настанот во Белата куќа

Читај повеќе
  • play_arrow

Модриќ стана третиот најстар стрелец во Серија А

Читај повеќе