Енди Мекдауел: Зошто јас сум проблематична, а Џорџ Клуни не е?

Клучот за убавината на стареењето е во прифаќањето, а актерката Енди Мекдауел (64) одамна ја прифати оваа мудрост. Таа гордо ја носи седата коса, но и гордо се соочува со бројни критики.

И додека холивудските актери, како Џорџ Клуни, во подоцнежните години добиваат епитети на атрактивни мажи чија седа коса ја истакнува нивната природна убавина, холивудските актерки, од друга страна, не добиваат таков третман. Двојните стандарди во американскиот свет на славните навистина се забележливи, а Енди Мекдауел со остри зборови ги одбива сите „добронамерни“ предлози кога станува збор за седата коса.

„Моите менаџери всушност ми рекоа: ‘Не е дојдено времето’. А јас одговорив: ‘Мислам дека не сте во право, ќе бидам помоќна ако се прифатам себеси“, рече актерката за нејзината одлука да се појави во јавност со седа коса.

„Кога го направив тоа, ми беше толку јасно дека моите инстинкти се во право бидејќи никогаш не сум се чувствувала помоќна. Се чувствувам поискрено. Се чувствувам како да не се преправам. Се чувствувам како да се прифаќам себеси тука каде што сум. Се чувствувам удобно. И на многу начини, мислам дека тоа ми се гледа на лицето. Едноставно чувствувам дека ми одговара“.

Мекдауел се осврна на лицемерието кое владее со светот на Холивуд, а нејзината седа коса ја спореди со косата на Клуни, прашувајќи зошто таа е проблематична во тој поглед, а тој не е .

„Ги сакаме постарите мажи. Ги сакаме мажите како што стареат. Посакувам истото да важи и за постарите жени и се движиме кон тоа. Она што би сакала сите да го направиме е да застанеме и да размислиме како размислуваме за зрелите мажи и како размислуваме за зрелите жени и навистина да почнеме да оценуваме што зборуваме и што очекуваме. Мораме! Има промени кои треба да се направат за мојата генерација и за следната генерација жени. Сакам само луѓето да размислуваат за тоа, тоа е сè “, изјави Мекдауел, која додава дека не е помалку убава со седа коса, туку дека е само убава на поинаков начин.

реклама

Утре дожд во пролет, ќе има и грмежи и силен ветер

Read more

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Read more

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Read more

Кривични за директор и членови на комисии од Охрид и од Струга

Read more

Филм & ТВ

Скарлет Јохансон има едно главно правило во воспитувањето на ќерката Роуз

Read more

Објавен првиот тизер за најскапиот филм на Пол Томас Андерсон досега

Read more

Кој ќе биде главниот лик во новиот спин-оф на The Big Bang Theory?

Read more

Објавени први фотки од новиот Mortal Kombat, обожавателите одушевени

Read more
 

Сцена

Скарлет Јохансон има едно главно правило во воспитувањето на ќерката Роуз

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен првиот тизер за најскапиот филм на Пол Томас Андерсон досега

Читај повеќе

Френк Ферер по 19 години ги напушта Guns N' Roses

Читај повеќе

Кој ќе биде главниот лик во новиот спин-оф на The Big Bang Theory?

Читај повеќе
  • filter

Објавени први фотки од новиот Mortal Kombat, обожавателите одушевени

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Македонската естрада се збогува од членовите на бендот ДНК кои загинаа во пожарот во Кочани

Читај повеќе

Aндреј од ДНК загина во пожарот во Кочани

Читај повеќе

Сара Пројковска придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани

Читај повеќе