Ене го на покривот – нова снимка од атентатот на Трамп: Очевидци покажуваат со прст кон напаѓачот и викаат кон полицијата

Макфакс
/ 16.07.2024 / 10:38

На снимка објавена на социјалните мрежи се гледа како човекот, кој во саботата се обиде да го убие Доналд Трамп, ползи по покривот на зградата од каде што пукаше, додека неколку посматрачи избезумено им укажуваат на опасноста на полицајците во близина.

Видеото на Х, споделено од New York Post, покажува неколку луѓе кои покажуваат кон Томас Метју Крукс (20), додека тој се качува на покривот на фабрика за производство на околу 130 метри од местото каде што Доналд Трамп говори на митингот во Батлер, Пенсилванија.

„Погледнете“, се слуша додека човек зборува, а неколку луѓе покажуваат и гледаат во Крукс, кој ползи на покривот.

„Да, некој е горе на покривот. Еве го“, вели човекот. Други се слушаат како велат: „Тука, на покривот“.

Се слуша како едно лице вика „полиција“, а други велат „тој е на покривот“ додека покажуваат кон напаѓачот.

Во позадина се слуша како Трамп држи говор. За време на видеото, полицајците се чинеше дека главно не реагираат на загриженоста на набљудувачите.

На собирот во саботата, Трамп беше застрелан во увото, а еден човек беше убиен, додека двајца ранети се во болница во стабилна состојба.

Трамп синоќа за прв пат се појави во јавноста по атентатот, на националната конвенција на Републиканската партија во Милвоки, поздравен со громогласен аплауз и ентузијазам од неговите поддржувачи. Имаше завој на десното уво.

Некои учесници на митингот веќе потврдија дека го виделе младиот човек на покривот.

„Забележавме дечко како ползи на покривот од зградата до нас, на 15 метри. Имаше пушка, јасно можевме да видиме. Покажуваме кон него, а полицијата дотрча. Ние сме како: „Еј, човеку, има еден дечко на покривот со пушка. А полицијата не знаеше што се случува“, изјави Грег Смит, еден од учесниците на митингот за CNN.

„Зошто тајната служба не е на сите овие покриви? Ова не е големо место. Имаше безбедносен пропуст“, додаде тој.

Еден од важните докази во текот на истрагата ќе бидат радио комуникациите на локалната и државната полиција, како и на Тајната служба.

Американската тајна служба вчера соопшти дека ќе учествува во истрагите објавени од претседателот Џо Бајден и членовите на Конгресот, откако нејзините агенти не успеаја да спречат вооружен маж да пука и да го рани поранешниот претседател Доналд Трамп на митинг во Пенсилванија во саботата.

Една од главните теми во деновите по атентатот е работата на тајните служби и полицијата. Многумина сметаат дека обидот за атентат можел да биде спречен доколку тајните служби подобро си ја завршеле работата, а со оглед на тоа што митингот се случувал на отворено поле со само неколку згради наоколу.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Исфрлањето на алкохолот може ефикасно да помогне во топењето на салото на стомакот

Read more

Под студената надворешност кријат нежна страна: 3 хороскопски знаци глумат ладнокрвност

Read more

Свет

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Read more

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Read more

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Read more

Шанса за мир: Кои се очекувањата од преговорите во Истанбул?

Read more
 

Вести

Пукал со воздушна пушка кон деца кои му береле цреши во дворот

Читај повеќе

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Читај повеќе

30 години смеа со К-15, шоу за паметење во Борис Трајковски

Читај повеќе

Претседателот на BALFIN Group единствен претприемач од регионот на FII PRIORITY Europe Summit

Читај повеќе

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Читај повеќе

Лосон демантира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Читај повеќе

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Читај повеќе

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

Читај повеќе

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Читај повеќе