Ова кафе ќе ви стане верен сојузник ако сакате дополнителна енергија наутро што ќе ве држи цел ден.
Тајната е во кокосовото масло кое го забрзува метаболизмот, го намалува чувството на глад и ви ја дава таа дополнителна доза енергија што ви треба за да не „паднете“ кога ќе помине дејството на првото кофеинско будење.
Кокосовото масло содржи омега 3 масни киселини кои имаат повеќе поволни дејства на организмот: го смируваат воспалението на крвните садови, го намалуваат нивото на триглицеридите во крвта, го намалуваат таложењето масти во крвните садови и го стабилизираат ритамот на срцето, но исто така го намалуваат чувството на глад.
Потребни состојки за енергетско кафе:
500 мл растопено кокосово масло
500 мл какао
Измешајте ги состојките за да добиете глатка смеса што ќе ја чувате во тегличка во фрижидер. Секое утро ставајте по една лажичка од оваа смеса во шолја врело кафе. Можете и да ја поминете мешавината еднаш во блендер, за да добиете похомоген пијалак. Засладете по желба.
Какаото е богато со железо, манган, калиум, фосфор, цинк и селен, а содржи и многу антиоксиданси.
Кокосовото масло го ублажува несаканото дејство на кафето, а комбинацијата на кокосово масло и кофеин ги намалува драматичните осцилации на енергијата.